дома Занимливости Дарко Лазиќ јавно ги соопшти резултатите од денешниот преглед: „Јас задоволен, лекарот...

Дарко Лазиќ јавно ги соопшти резултатите од денешниот преглед: „Јас задоволен, лекарот задоволен… се чувствувам како Лејди Гага“! (ФОТО)

Дарко Лазиќ, кој на 23 октомври доживеа сериозна сообраќајна несреќа, денес, по три седмици престој во бањата Селтерс, беше на првата контрола на Институтот за ортопедски и хируршки болести Бањица, каде што лекарите се уверени дека пејачот напредува по операцијата на коските и колкот.

„Лекарот рече декарезултатите се одлични, и тие се среќни… Треба трпение… Лекарот рече дека добро напредувам. Јас сум задоволен, а и тој е задоволен. На почетокот беше тешко, но, навикнав на тоа“ – рече пејачот, кој се смешкаше цело време, слушајќи ги добрите вести од лекарите за неговото здравје.

Влегувајќи во комбито на брзата помош, Дарко опкружен со бројни новинари и фоторепортери на прашањето како се чувствува, ќе одговори: „Како Лејди Гага се чувствувам“ – алудирајќи на нејзината песна „Папарацо“!
Извор:вистина.мк