Елена Ристеска во „Еден на Еден“ ја најави новата линија на козметички производи под нејзин потпис. Таа дури и му подари на Жаре серум против опаѓање на косата.
Покрај разговорот, Елена имаше и одлични изведби со нејзиниот нов бенд, а во последната епизода на Еден на Еден може да ги дознаете и ТОП 5 правилата за слави и прослави, како и новото видео посветено токму на македонските слави од Марјан Ѓорѓиевски.
Екипата откри и што точно работи Груевски во Будимпешта и што се случува со марихуаната во Македонија.
Следната недела во Еден на Еден ќе ја гледаме екипата од Преспав!
Извор:tocka.com.mk