дома Македонија Енчев: Заев не само што го зајакнува бугарското вето, туку се разоткрива...

Енчев: Заев не само што го зајакнува бугарското вето, туку се разоткрива и пред ЕУ и САД како српска марионета

Бугарскиот новинар и експерт за меѓународно право Велизар Енчев остро го искритикува премиерот ЗЗоран Заев поради честитката што тој им ја упати на граѓаните од српска националност по повод православниот празник Света Сава.

„Тројанскиот коњ на Србија се разоткри! Со изучување на српскиот јазик во македонските училишта, Заев си ја покажа вистинската природа на тројански коњ на Србија. Ова не само што го зајакнува бугарското вето за членство на Македонија во ЕУ, туку се разоткрива и пред ЕУ и САД како српска марионета на Балканот. Се надеваме дека оваа вест ќе стигне побрзо до Брисел и Вашингтон, кои вршат притисок врз Софија за брз пристап на Скопје во ЕУ. Со што ли е зависен Заев од Србија за да прибегнува кон ваква компромитирачка акција?“, прашува Енчев.