дома Балкан ЕПИДЕМИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: 30 лица пoчинaле од грип во Република Српска!

ЕПИДЕМИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: 30 лица пoчинaле од грип во Република Српска!

Од грип во Република Српска досега пoчинaa 30 лица, од кои 18 во изминатата недела, според Институтот за јавно здравје (РС).

Сите пoчинaти пациенти се средовечни, со повеќекратни и тешки хронични неинфективни и заразни болести.

“Ниту еден од пoчинaтитe пациенти не бил вакциниран против инфлуенца”, објави Бета.

Во болниците во Република Српска, во последните седум дена се пријавени 178 случаи на тешки акутни респираторни инфекции, а поголемиот дел од пациентите се регистрирани на возраст од 30 до 64 години.

Во соопштението се наведува дека сè уште нема причина да се објави епидемија на грип.