Прогнозата за денешниов ден е дека времето во Македонија ќе биде сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9 Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени.
Утре кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.