дома Македонија ЗАЕВ МУ ПОДАДЕ РАКА НА ИВАНОВ: Претседателот и премиерот се поздравија на...

ЗАЕВ МУ ПОДАДЕ РАКА НА ИВАНОВ: Претседателот и премиерот се поздравија на концертот во Македонската филхармонија

Во исчекување на потписот на претседателот Ѓорге Иванов на Законот за амнестија, тој и премиерот Зоран Заев завчера си подадоа рака, пренесува 24.

Иванов и Заев се сретнаа на концеротот на пијанистот, маестро Симон Трпчески и Македонската филхармонија.

Премиерот му пријде на претседателот и се поздравија, по што двајцата како и целата публика во Македонската филхармонија уживаа во прекрасниот концерт.