Зоран Заев, иако премиер на Република Македонија, во клучни моменти од ТВ дуелот со Мицкоски, покажа несигурност и отсутен поглед кој не соодветствува на еден претседател на Влада.
Во неколку наврати тој беше корегиран од својот политички противник Христијан Мицкоски, при изрекување на сериозни лапсузи. Еден од примерите беше кога неколку пати премиерот го спомна Драмски театар, мислејќи на Македонскиот народен театар.
Џентлменски, Мицкоски му помагаше на Заев да се врати во дебатата и да биде коректен во своите изјави, исправувајќи го кога грешеше, што беше прифатено и потврдено од премиерот, со потврдни зборови.