дома Хроника ДВАЕСЕТ И ЕДНОГОДИШНА ДЕВОЈКА УТРОВО ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

ДВАЕСЕТ И ЕДНОГОДИШНА ДЕВОЈКА УТРОВО ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Двесет и едногодишна девојка од Свети Николе рано утрово загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.

Според информациите од портарпоролот на СВР Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила во 5 часот и 15 минути, а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.

Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба.

Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и полиција за да се утврди причината за несреќата.