дома Македонија ОСУМ ЛЕНТИ, НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ: Инвазија на граничниот премин Богородица кон Грција

ОСУМ ЛЕНТИ, НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ: Инвазија на граничниот премин Богородица кон Грција

Во осум ленти, колони во недоглед. Вака изгледаше граничниот премин Богородица утринава откако најголемиот дел од граѓаните одлучија продолжениот викенд да го искористат на Егејското море во соседна Грција

Километарски колони, блокирани патарини, гужви. Ваква беше сликата утринава кон граничниот премин Богородица.

Од АМСМ ја потврдија информацијата, од каде препорачуваат внимателно возење и умерен интензитет на сообраќајните правци. Попладнево гужвата на премините е расчистена според Автомото сојузот.