дома Македонија ЗАЕВ УТЕХА НАЈДЕ ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА БОРИСОВ: Во Благоевград се славеше „Илинденско-преображенско“...

ЗАЕВ УТЕХА НАЈДЕ ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА БОРИСОВ: Во Благоевград се славеше „Илинденско-преображенско“ востание, Заев и Борисов во прегратка!

„Никој не веруваше дека ќе го потпишеме договорот за добрососедство. Но ете, и тоа бидна. И тргна Македонија кон НАТО интеграциите и влез во ЕУ“ – речеи Бојко Борисов, премиерот на соседна Бугарија на денешната прослава по повод 115-годишнината од Илинденското востание во Бугарија, на која гостин беше Зоран Заев

По лошиот прием во сопствената земја, Зоран Заев замина за Благоевград на прославата организирана од Бугарската држава по повод 115-годишнината на, како што велат бугарите, Илинденско-Преображенското востание, кое тие го сметаат за едно од најголемите бугарски востанија.

Бугарските медиуми пренесуваат дека Борисов го прегрнал Заев за пред камерите да ја покажат блискоста помеѓу двата премиери, кога станува збор за добрососедстото.

Во Македонија, Заев и делегациите на СДСМ кои беа испратени на различни локации каде се прославуваше Илинденското востание, беа пречекани со скандирања, свирежи и пцовки, а летаа и шишиња и лименки од пијалоци.