дома Македонија ЗАЕВ ЈА ЗАМОЛИ ТЕРЕЗА МЕЈ: Овозможете ни ја европската иднина, jа заслужуваме...

ЗАЕВ ЈА ЗАМОЛИ ТЕРЕЗА МЕЈ: Овозможете ни ја европската иднина, jа заслужуваме – заборави дека Меј го води процесот за Брегзит

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј уште еднаш се заблагодари на поддршката што доаѓа од Велика Британија.

„Со вашето присуство премиерке потврдивте дека Велика Британија останува посветена на регионот. Сакам да посочам дека Македонија од заробена држава ја поставиме во институционална демократија. Овој исчекор го докажавме и со реализацијата на планот 3-6-9, а ќе го спреведем е и планот 18 кој се однесува на владеење на правото и борбата против организираниот криминал. Овозможете ни ја европската иднина, jа заслужуваме – истакна Заев.