дома Македонија ЗАЕВ ЌЕ МОЛИ КАЈ МЕРКЕЛ: Ќе зборуваат ли за датумот кој земјата...

ЗАЕВ ЌЕ МОЛИ КАЈ МЕРКЕЛ: Ќе зборуваат ли за датумот кој земјата го очекува?

Средба меѓу премиерот Зоран Заев и германската канцеларка, Ангела Меркел ќе има во четврток во Берлин.

Оваа средба следи по пораките дека канцеларката не е за брз датум за преговори за земјава. Заев и владина делегација во среда патуваат за Берлин, каде право ќе има обраќање на годишното Собрание на Стопанската комора на Германија, а ден потоа и средба со Меркел.

Иако Франција и Холандија беа земји кои беа ckeптични околу тоа дали Македонија треба да добие датум за преговори, сега е неизвесно дали Германија ќе даде зелено светло.

Јуни, јули или октомври се месеци кои се споменуваа како период кога земјава може да добие датум за преговори.

Maкедонските власти укажуваат дека со Грција беше постигнат договор, а земјата го промени името со цел да напредува во евроинтеграциите.