дома Македонија ЗАЕДНИЧКИ КАНДИДАТ АЛБАНЕЦ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Али Ахмети на Заев му предложил заеднички...

ЗАЕДНИЧКИ КАНДИДАТ АЛБАНЕЦ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Али Ахмети на Заев му предложил заеднички кандидат Албанец за претседател на државата

Порталот МКД.мк, повикувајќи се на извори од Брисел објавува дека на една од последните средби меѓу Зоран Заев и Али Ахмети, лидерот на ДУИ побарал на наредните претседателски избори СДСМ и ДУИ да излезат со заеднички кандидат за шеф на државата, Албанец, а спикерското место да се врати.

-Од она што може да се дознае од бриселски дипломатски извори, целта на ДУИ овојпат е претседателското место на државата. Го добија претседателското место во Собранието, сега на ред е и позицијата шефот на државата. Ова ДУИ веќе го најави и за време на последните избори за претседател на Македонија, за заеднички кандидат, но тогаш тоа не помина кај нивниот тогашен коалициски кандидат ВМРО-ДПМНЕ, објави порталот.

Овојпат, меѓузависноста во коалицијата СДСМ-ДУИ е многу поголема, па апетитите на Ахмети се вратија.

-Бриселски дипломатски извори велат дека на една од последните средби меѓу Заев и Ахмети, лидерот на ДУИ побарал на наредните претседателски избори СДСМ и ДУИ да излезат со заеднички кандидат за шеф на државата, Албанец, а спикерското место да се врати. Ова треба да е поврзано со засилување на позиционирањето на Албанците во Македонија како втор државотворен народ. А како потврда на ова да дојде и заедничката кандидатура на СДСМ и ДУИ на политичар Албанец за претседател на Република Македонија. Ахмети ова го поврзува со можна подолгорочна поддршка на оваа влада од страна на Албанците и собраниска поддршка на решението за името кое Заев и преговорачкиот тим ќе проценат дека е најсоодветно за македонскиот народ. Лидерот на ДУИ нагласил дека за овој план имал поддршка и од меѓународната заедница, а особено од амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, пишува МКД.мк.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк