дома Социјални Мрежи ЗАКАЖАА ТЕПАЧКА: Геровски се одзва на поканата за тепачка во „Манда“ –...

ЗАКАЖАА ТЕПАЧКА: Геровски се одзва на поканата за тепачка во „Манда“ – во понеделник во 12 часот, Геровски против Палевски!

По навредите кои Бранко Героски ги испрати до екс-претседателот на градската организција на СДС Љупчо Палевски, овој го повика уредникот на Плусинфо и Слободен печат на тепачка во кафе барот „Манда“ во понеделник во 12.00 часот, откако претходно му вети шлаканица онаму каде што ќе го сретнел

 

Денес, Героски се одзва на поканата, и во понеделник во 12.00 часот вети дека ќе биде на „лице место“ во пред „Манда“, за да не го „избербател кафиќот“, како што му ветил на газдата.

Претходно Героски објави дека го пријавил Палевски во МВР, но и директно кај Оливер Спасовски.

Кога не би било трагично, ситуацијата би била комична.