дома Здравје ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Најсовремена spec.CT гама камера на Институтот за патофизиологија

ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Најсовремена spec.CT гама камера на Институтот за патофизиологија

Станува збор за прв апарат од ваков тип, не само во јавното здравство туку и воопшто во Република Македонија. Апаратот е набавен во соработка на Министерството за здравство и Медицински факултет – Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина каде за првпат во државата е набавена најсовремена spec.CT гама камера, која ќе овозможи многу попрецизна и побрза дијагностика кај пациентите, а воедно и сериозно намалено зрачење во однос на претходната дијагностичка процедура која се извршуваше на овој Институт.