дома Македонија ЗЕКОЛИ: СДСМ има огромен пад во рејтингот, тоа го компензира со обид...

ЗЕКОЛИ: СДСМ има огромен пад во рејтингот, тоа го компензира со обид за распад на ВМРО-ДПМНЕ

Аналитичарот Арсим Зеколи на својот Твитер ја анализира актуелната политичка состојба во држава, напоменувајќи дека владечката СДСМ има пад во рејтингот. Ваквата состојба со намалената популарност, власта според него се обидува да ја компензира со план за распаd на ВМРО-ДПМНЕ. Зеколи забележува дека операцијата која СДСМ ја води против опозицијата претходно ја водела против ДУИ, преку политичари како Теута и Бејта.

-Надежта на СДСМ да кусокот популарност го компензира со распад на В/Д навестува епилог сличен со операцијата водена контра ДУИ преку Теута, Невзат. За да исходот биде сличен како со ДУИ: наместо да СДСМ продре и растура во В/Д, вмро ќе продре и растура во СДСМ, пишува Зеколи на Твитер