дома Актуелно Земјотресот имал јачина од 5.0 степени, а ова се деталите

Земјотресот имал јачина од 5.0 степени, а ова се деталите

Релативно силен земјотрес го разниша тлото во Макеоднија, а беше почувствуван и во Скопје во точно 04.55 часот изутрината на 11. ноември.

Според Европскиот медитерански сеизмилошки центар (ЕМСЦ) земјотресот е почувствуван во цела Македонија. Јачината на земјотресот била со 5.4 степени по европската макросеизмичка скала, а бил со епицентар во близина на Вруток, гостиварско на длабочина од 8.5 километри.

Во последните неколку месеци силни земјотреси го тресат целиот Балкан, а најсилен беше оној во Измир во кој животот го загубија повеќе десетици лица, а илјадници беа повредени.

Ова е прв посилен земјотрес по оние кои ги исплашија скопјани пред две години.