дома Европа Земјотрес во Грција

Земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтеровата скала е регистриран на во близина на грчкиот остров Лезбос.

Институтот за геодинамика при атинската Национална опсерваторија соопшти дека епицентарот бил на 251 километар североисточно од Атина и 35 километри југозападно од Митилен, на островот Лезбос.

Земјотресот е регистриран четири часа по полноќ. Нема информации за евентуална штета или повредени, јавува грчката агенција АНА.