дома Политика ЗИЈАДИН СЕЛА, ЗАЕДНО СО ЗАЕВ ЌЕ ЈА ФЕДЕРАЛИЗИРАЛ МАКЕДОНИЈА: Македонија прво ќе...

ЗИЈАДИН СЕЛА, ЗАЕДНО СО ЗАЕВ ЌЕ ЈА ФЕДЕРАЛИЗИРАЛ МАКЕДОНИЈА: Македонија прво ќе била бинационална, а потоа ќе ја федерализирале!

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села целата кампања ја водел преку националистички пораки. Според видеото кое може да се најде во неговата предизборна архива тој пред граѓаните ветувал дека Македонија ќе биде бинационална држава и дека потоа ќе следи федерализација.

Зијадин Села со 3 пратеници стана клучен политички фактор во Македонија. ПО најавите на БЕСА дека не планира да седи во иста влада со ДУИ, Заев без пратениците на Села, нема мнозинство во Собранието.