дома Балкан Зa пpвпaт oд Втората cвeтcкa вojнa: Bo Црна Гора има пoвeќe cmpтни...

Зa пpвпaт oд Втората cвeтcкa вojнa: Bo Црна Гора има пoвeќe cmpтни cлyчaи oткoлкy poдeни бeбињa

За првпат од Втората светска војна наваму, откако постои статистиката за Црна Гора, во оваа земја се евидентирани повеќе смртни случаи отколку новородени бебиња.

Во 2020 година, која ќе остане запаметена по коронакризата бројот на починати лица е за 196 поголем во однос на новороденчињата се наведува во податоците на црногорската Управа за статистика (МОНСТАТ).

Според МОНСТАТ минатата година биле родени 7.082 бебиња, а починале 7.278 лица. Најновите статистички податоци покажуваат дека меѓу починатите погоелм е бројот на припадниците на  машкиот пол, отколку на жените. Во Црна Гора лани починале 3.907 мажи, наспроти 3.371 припадничка на женската популација.