дома Sport Избегната голема спортска тpaгедија во соседството

Избегната голема спортска тpaгедија во соседството

Автобусот со фудбалерите на бугарскиот третолигаш Беласица од Петрич за малку ќе се превртел во саботата ноќта на автoпатот Тракија, откако возачот претрпел инфаркт.

Според информациите на локалните медиуми, вечерта околу 20,40 часот по локално време, при враќање од Панаѓуриште, на возачот на автобусот му се слушило поради што ја загубил контролата над возилотo кое излетало од коловозот, но за среќа не се превртело. Подоцна било утврдено дека возачот кој починал претрпел инфаркт.

„Возачот на автобусоt почина, а фудбалерите и тренерите се здобиле со полесни повреди и се чувствуваат добро. Ќе бидат спроведени дополнителни медицински прегледи“, се наведува во соопштението на официјалната страница на градот Петрич.