дома Македонија И ВО 2001-ВА БАРАА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, АМА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАТИ: Изборите се...

И ВО 2001-ВА БАРАА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, АМА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАТИ: Изборите се најдобро решение за излез од политичката криза!

Тиранската платформа води кон рефединирање и нестабилност, смета политикологот Наталија Ивчева.

-Албанската постизборна платформа беше услов за формирање Влада. Големо албанските идеи и аспирации не се нови, ги видовме и порано уште во 2001-та година, можеби сега добија само друга форма. Сепак, за прв пат наидоа на поддршка од македонска политичка партија којашто го изманипулира македонското гласачко тело и настапи со тоа дека ќе ја подобри економската и социјалната состојба, не признаваше дека има договор со албанските политички партии и денес не признава дека ја има прифатено албанската платформа, вели Ивчева.

Според неа најдобар начин да се излезе од кризата е распишување на нови избори.