дома Европа И ЕУ ИГРА ПО НОТИТЕ НА САД: Европскиот парламент го призна Гуаидо...

И ЕУ ИГРА ПО НОТИТЕ НА САД: Европскиот парламент го призна Гуаидо за претседател на Венецуела

Европскиот парламент усвои резолуција со која го признава Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Резолуцијата е поднесена од страна на Европската народна партија (ЕПП) и со неа се повикуваат земјите членки на ЕУ и другите институции на Унијата да го сторат истото, сѐ додека не се одржат фер и транспарентни избори во Венецуела.

– Од Европа можеме да помогнеме да се смени режимот во Венецуела, оние кои протестираат во Венецуела не се Европејци, но се борат за истите вредности за кои и ние се бориме, рече потпретседателот на ЕПП, Естебан Гонзалес Понс.

Европскиот парламент со ова станува првата ЕУ институција која го признава Гуаидо како легитимен претседател.