дома Спорт И ШКОДРАН ЛЕТАШЕ ОРЛИ ОТКАКО ПОСТИГНА ГОЛ, СЛЕДИ САНКЦИЈА: Фудбалерот на Арсенал...

И ШКОДРАН ЛЕТАШЕ ОРЛИ ОТКАКО ПОСТИГНА ГОЛ, СЛЕДИ САНКЦИЈА: Фудбалерот на Арсенал пред казна поради прославата на голот

Англискиот фудбалски сојуз (ФА) ќе спроведе истрага за радувањето на фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи на дуелот со Кардиф.

Мустафи беше стрелец на првиот гол за „топџиите“, а потоа прослави со покажување на двоглав орел. Дури и англискиот коментатор подзастана и предупреди дека за овој гест сигурно ќе следи санкција.

ФА смета дека играчот покажувал политички симболи и поради тоа треба да добие казна.

Фудбалерот на Арсенал е германски репрезентативец и има потекло од Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=5U_HyZAHDSM