дома Временска Прогноза КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ПАТИШИТАТА: Последни информации за состојбата на патиштата низ...

КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ПАТИШИТАТА: Последни информации за состојбата на патиштата низ државата!

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози во западниот дел од државата, а во останатите делови коловозите се наместа влажни, соопшти Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.

Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи на ова јавно претпријатие се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.