дома Балкан КАКО ВУЧИЌ ГО „ОТФИКАРИ“ БРИСЕЛ: Ако услов за влез во ЕУ е...

КАКО ВУЧИЌ ГО „ОТФИКАРИ“ БРИСЕЛ: Ако услов за влез во ЕУ е да го признаеме Косово, тогаш не благодарам и довидување!

Ако некој мисли дека идејата за процесот на нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина е само тоа дека Србија мора да го признае Косово и дека тоа е тоа, тогаш – благодарам и довидување, рече Александар Вучиќ на самитот во Давос

Вучиќ тоа го изјавил на прашање на новинарите дали постои можност да се организира меѓународна конференција на која прашањето за Косово би се решило, наместо „малтретирањето“ во Брисел, кое трае веќе со години.

Српскиот претседател начелно не ја отфрла таа можност, но се плаши дека таква евентуална конференција би поминала „без договор“.

Имено, Вучиќ објаснува дека во каков и да е формат „некој мора да покаже добра волја, да разбере дека се работи за компромис не само да очекуват во која форма ќе добиете се“, како што тоа го очеува Тачи, забележува Вучиќ, туку „мора да постојат отстапки од двете страни“.

„Ако сте во состојба тоа да го направите, спремни сме да разговараме. Ако велите дека Србија мора да го признае Косово и тоа е тоа, тогаш благодарам и догледање“, порачува Вучиќ.