дома Локално КАНАЛИЗАЦИЈА УШТЕ НЕМА: Градоначалничката на Арачиново, наместо да работи ги тера вработените...

КАНАЛИЗАЦИЈА УШТЕ НЕМА: Градоначалничката на Арачиново, наместо да работи ги тера вработените на протести

Миликие Халими ги повикува Арачиново да стане на нозе пред Владата за случајот со Алмир на 21-ви март.

Ги информираме сите граѓани на Општина Арачиново дека градоначалничката на општината Г-ѓа. Миликије Халими ги повикува на 21.03.2018 година да се приклучат на протестите пред Владата во Скопје за случајот Алмир, се вели во соопштението на општина Арачиново, пишува весникот Лајм.

„Сите оние кои сакаат да се приклучат на овој масовен протест, задутре во 11:30 часот да дојдат близина на општината од каде што ќе тргнува со два автобуса. Да не дозволиме убијците на Алмар слободно да се шетаат“, се вели во апелот на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими.

Ајде да не дозволиме убиството на малиот Алмир да помине неказнето, приклучисе и ти за Алмир, пишува на официјалната фејсбук страна на градоначалничката на Арачиново, Миликие Халими.