дома Македонија КАРАКАМИШЕВА: Занимавајте се вие со Нинџа и други пробисветови, во меѓувреме на...

КАРАКАМИШЕВА: Занимавајте се вие со Нинџа и други пробисветови, во меѓувреме на здравје тоталитаризам!

Професорката Тања Каракамишева  обзнани дека власта се обидува да направи дефокусот на јавноста од клучните случувања со лажни сведоштва и изјави кои редовно се пренесуваат во провладините медиуми поврзани со предметите за екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и настаните од 27 април.

Според неа сега се реализира идејата на Фрчковски постојните обвинители да се заменат со нови специјани под целосна контрола на власта, состојба во чиј прилог оди и прислушкувањето на обвинителите од ОЈО. Таа потенцира дека следно ќе се случи истото со судиите, по што ќе следува тотална партизација на правосудството кое ќе биде под целосна котнрола на СДСМ и ДУИ.

-Додека се занимаваме со изјави на Нинџи и други пробисветови, Министерството за правда бутка нов закон за СЈО.

Под притисок на СЈО чиј мандат истекува во 2019 година се реализира идејата на Фрчкоски постојните обвинители да се заменат со специјални кои ќе бидат под целосно нивна контрола.

Исто ќе биде и со судиите.

Во специјалните одделенија на судовите место ќе има само за СДС и ДУИ судии!

На здравје тоталитаризам, вели Каракамишева.