дома Економија КИНЕЗИТЕ КОНСТРУИРАА ХИПЕРАВИОН: Од Пекинг до Њујорк за само два часа со...

КИНЕЗИТЕ КОНСТРУИРАА ХИПЕРАВИОН: Од Пекинг до Њујорк за само два часа со брзина шест пати поголема од брзината на звукот

Тим на научници од Кинеската академија на науките тврди дека дизајнирале хиперсоничен авион кој би можел да патува со брзина до 6.000 километри на час, што е речиси пет пати побрзо од брзината на звукот

Куј Кај, водечки научник на истражувањето, вели дека патниците со новиот авион би можеле да стигнат од Пекинг до Њујорк за само два часа, што е 11 пати помалку од времето кое е потребно за преминување на истата дистанца со обичен авион.

Леталото наречени „Ај Плејн“ (I Plane) поседува два реда крила кои ја намалуваат турбуленцијата, пренесува „Индепендент“.

Научниците тестирале намалена верзија на авионот во аеротунел, каде достигнале максимална брзина од 8.600 километри на час.

Колку за споредба, максималната брзина на „Конкорд“ во исти услови беше 2.179 километри на час.

Доктор Квин Баукат, технички директор на компанијата „Боинг“, минатиот месец за Ен-Би-Си изјави дека правањето на такво летало е возможно.

„Мислам дека сега имаме технологија со која би можеле тоа да го изведеме“, рече Баукат.

„Боинг“ наводно во моментов соработува со „Локид Мартин“ на ново суперсонично летало чиј дизајн се држи во тајност.

Кинеското летало е претставено во магазинот „Физика, механика и астрономија“.