дома Македонија КОБЕН ЛЕТ: Еден параглајдерист почина, а друг е тешко повреден на Мечкин...

КОБЕН ЛЕТ: Еден параглајдерист почина, а друг е тешко повреден на Мечкин Камен

Кобно заврши летот на еден параглајдерист,  додека другиот се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат од МВР. Трагичниот настан се случил околу 12:40 часот кај Мечкин Камен. Тешко повредениот парглајдерист е пренесен на лекување во Прилеп. Според Наталија Спирова, началник на секторот за односи со јавност во МВР, други детали за трагичниот настан не се познати. Полицијата направи увид на местото на несреќата.