дома Колумни КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Долг си е долг

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Долг си е долг

Та нели Џезаир Шаќири, хуманитарецот, Заев го вработи поради многудетното семејство. Сиромав бил човекот. Можеби? Но и пред некој ден пишав, дека титулата „советник на премиер“ им е потребна за полесно да можат да го работат меѓуграничниот шверц со Косово. Убаво си кажа човекот дека не му било до тие 600 евра плата.

Пусто да остане, пак Заев се фати во лага. Тој вели дека го вработил од хумани причини, затоа што имал многудетно семејство, а Џезо сега вели дека не му било до тие 600 евра. На кое нормално повеќечлено семејство не би му значеле 600 евра? Шестотини евра, редовен месечен прилив.

За стотици илјади луѓе во Македонија се планина. Ова јасно покажува на кого се македонскиот претседател на влада му должи, и со кого сѐ се раздолжува за да дојде, а сега и за да ја задржи власта. Со Џезо, раздолжување мора да има. Ако не јавно, тогаш тајно. На рака, се разбира. За такво раздолжување, нашиот претседател на влада е махер.