Тој повеќе не може да остане на оваа функција и од други причини:
1. До потпретседателот на владата задолжен за економски прашања, стасуваат и разузнавачи информации. Тие може да бидат од доверлив, строго доверлив карактер, па дури и информациите да бидат класифицирани како државна тајна, а да се однесуваат на енергетскиот сектор. Тие информации, потпретседателот на владата ќе ги искористи како битни при носењето на деловните одлуки во неговата компанија.
2. Денес немаме инфлаторни движења. Но во случај на инфлаторни или дефлаторни промени, кои предизвикуваат промени на девизниот курс, потпретседателот на владата овие информации ги има неколку дена порано и тие директно може да ги искористи при носење на деловни одлуки во компанијата чиј сопственик е. Информациите може да се битни за тоа дали авансирано да плати набавка на енергија или некој резервен дел, или пак ако однапред ја знае промената на курсот доколку имаме апрецијација на денарот да причека со одредени плаќања.
Тоа значи дека конфликт на интереси има, и тоа еклатантни и големи, и самиот факт што неговата фирма за само три месеци негово министерување не можела да се воздржи од соработка со владата, покажува дека овој потпретседател повеќе не може да седи во министерска фотелја. И, затоа барањето за негова смена е сосема оправдано.