дома Социјални Мрежи КОМИТИ СО ПОСЛЕДНА ПОРАКА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ: „Бојкотирам референдум!“

КОМИТИ СО ПОСЛЕДНА ПОРАКА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ: „Бојкотирам референдум!“

Навивачката група Комити ја упати последната порака пред референдумот за промена на името. Верните навивачи на Вардар порачаа дека нивниот став ќе остане непроменет и тие ќе го бојкотираат референдумот за промена на уставното име на државата.

Претходно на еден од протестите организирани од Комити против промена на името имаше инциденти во кои полицијата реши физички да се пресмета со навивачката група како и со граѓаните, меѓу кои имаше и жени и деца.