дома Македонија КОСОВО ЌЕ НИ ПОМОГНЕ ДА ГО ИСЧИСТИМЕ ВОЗДУХОТ: Садула Дураку и косовската...

КОСОВО ЌЕ НИ ПОМОГНЕ ДА ГО ИСЧИСТИМЕ ВОЗДУХОТ: Садула Дураку и косовската министерка разговараа за еколошка соработка

Проблемите со воздухот, водите и биодиверзитетот беа главните теми за кои денеска во Скопје разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и неговата колешка од Косово, Албена Решитај.

Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а наскоро ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за оваа тема меѓу двете држави. Разговаравме и за проблемите кои се однесуваат на водите, за реката Лепенец и за проблемите со воздухот, изјави министерот Дураки по средбата.

Косовската министерка за животна средина и просторно планирање Решитај нагласи дека ќе дадат се од себе за да ја подобрат животната средина на двете држави.

– Нашата цел, на двете држави, е интеграција во ЕУ и ова ни е прилика за понатаму да ја развиваме нашата соработка и така заедно кон ЕУ. истакна Решитај.