дома Локално КРАДЕЛ ОД СМЕТКАТА НА КЛИЕНТ: Вработен во Стопанска банка Битола повлекол 571.000...

КРАДЕЛ ОД СМЕТКАТА НА КЛИЕНТ: Вработен во Стопанска банка Битола повлекол 571.000 денари од клиент

ПС Прилеп поднесе кривична пријава за Д.П.(54) од Прилеп вработен во Стопанска банка Битола поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот како референт за работа со благајна ја злоупотребил службената положба на начин што без да добие налог за уплата и исплата од клиентот сопственик на штедна книшка во текот на 2015 година и на 2016 година во повеќе наврати вршел послужување – повлекување  парични средства од штедната книшка и нивно враќање по извесен временски период.

На 5 април годинава, на ист начин без да добие налог од имателот на сметката, пријавениот повлекол 571.000 денари, а кога на 7 април оштетениот-сопственик на штедната книшка отишол во експозитурата со намера да изврши повлекување на паричните средства, бил известен дека нема парични средства, иако тоа не било евидентирано во штедната книшка.