дома Македонија КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГОСТИВАРЕЦ: Со слики од кичевчанка отворал лажни профили на...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГОСТИВАРЕЦ: Со слики од кичевчанка отворал лажни профили на Фејсбук

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против А.Х. (27) од Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од 2010 до 2018 година, пријавениот, без претходна согласност, презел фотографии на 28 годишно женско лице од село Вранешница, кичевско, поставени на социјалната мрежа “Facebook”, и истите ги употребил за креирање на лажни профили на повеќе социјални мрежи.