дома Хроника КРИВОПАЛАНЧАНЕЦ ПРЕГАЗИЛ ПОЛИЦАЕЦ: Насилник од Крива Паланка прегазил полицаец, доби кривична

КРИВОПАЛАНЧАНЕЦ ПРЕГАЗИЛ ПОЛИЦАЕЦ: Насилник од Крива Паланка прегазил полицаец, доби кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ц.(34) и А.В.(25) од Крива Паланка за кривично дело „насилство“ и против И.С.(28) за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

„На 16.01.2018 година, во угостителски објект во Крива Паланка, Б.Ц. и А.В. физички нападнале едно од присутните лица, по што биле спречени во намерата и приведени во Полициска станица Крива Паланка. Б.Ц. со помош на И.С. кој бил со патничко возило, се обидел да побегне, оттурнувајќи еден од полициските службеници, при што му нанел телесна повреда и му ја оштетил униформата, а И.С. со голема брзина го стартувал возилото и со задното тркало го прегазил полицискиот службеник“, соопштија од МВР.