дома Свет Кристијано Роналдо доби место во Гинисовата книга на рекорди

Кристијано Роналдо доби место во Гинисовата книга на рекорди

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо, го собори рекордот на Али Даеи од Иран и стана најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, а со тоа доби место и во Гинисовата книга на рекорди.

Со двата гола во победата над Ирска (2-1) во квалификациите за Светското првенство во Катар, Роналдо стигна до 111-от гол за репрезентацијата и ја надмина иранската легенда, која зад своето име имаше 109 голови од 1993 до 2006 година.

„Благодарение до Гинисовата книга на рекорди. Секогаш е добро да си препознат како светски рекордер. Ќе се обидам уште повеќе да ги зголемам бројките“, напиша Роналдо во објавата на Инстаграм.

Двата гола против Република Ирска, Кристијано ги постигна со глава и тоа во самиот финиш од натпреварот.