дома Македонија Курц во недела доаѓа во Македонија

Курц во недела доаѓа во Македонија

Претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц, в недела ќе престојува во работна посета на Република Македонија.


Како што соопшти македонското МНР, во рамки на посетата  министерот Курц ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија Никола Попоски.
Според агендата, двајцата министри ќе го посетат и граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.