дома Македонија ЛОШОТО НЕВРЕМЕ НЕ ГИ ОДВРАТИ НИТУ БИТОЛЧАНИ: Широк Сокак повторно претесен!

ЛОШОТО НЕВРЕМЕ НЕ ГИ ОДВРАТИ НИТУ БИТОЛЧАНИ: Широк Сокак повторно претесен!

Битолчани уште еднаш, без разлика на лошото време излегоа за да кажат „СТОП“ на разединувањето на Македонија и на тиранската платформа.

Граѓаните испратија јасна порака дека не сакаат воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб, како и вметнување на албанскиот јазик на банкнотите и монетите.

Во тиранската платформа се предвидува и усвојување Резолуција во Собранието со која би се осудиле Германците, Турците, Србите, Црногорците, Хрватите, Бугарите за наводен геноцид врз Албанците во периодот од 1912 до 1956 година.