дома Европско првенство Македонија храбро се бopeше, но зaгyби од Холандија

Македонија храбро се бopeше, но зaгyби од Холандија

Македонската фудбалска репрезентација во последниот натпревар на ЕП во фудбал во рамките на групата Ц загуби од селекцијата на Холандија со 3-0.

Холандија поведе на денешниот меч против Македонија со 1-0, но овој погодок го навлече гневот на македонските навивачи во Амстердам.

Причината е поради тоа што Пандев беше остро фаулиран, а судијата не ја прекина играта по што Холанѓаните повлекоа контра и Депај го отвори резултатот во 24 минута од мечот.

Во 51. минута од натпреварот, Мемфис Депај ја испрати топката во шеснаесетникот, каде беше примена од Вијналдум и погоди за 2-0.

Во 58. минута уште еден гол постигна Вајналдум за конечни 3-0.Европскиот шампионат Македонија го заврши на последното место во групата со Ц, со три порази од три натпревари.