дома Македонија МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Потребен цензус од 723.253 гласа за избор на претседател

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Потребен цензус од 723.253 гласа за избор на претседател

Гpаѓаните денеска гласаат во вториот круг на шестите претседателски избори од независнота на земјава. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.

Гласачките места се отворeни од 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот. Ако се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што се задоцнило.

Победува еден од двајцата кандидати што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Ако и во вториот круг ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови, се повторува целата изборна постапка.