дома Македонија МАКЕДОНИЈА МЕЃУНАРОДНО СЕ ИЗОЛИРА ПОРАДИ КОСОВО: Македонија го откажа учеството на самит...

МАКЕДОНИЈА МЕЃУНАРОДНО СЕ ИЗОЛИРА ПОРАДИ КОСОВО: Македонија го откажа учеството на самит во Бањалука бидејќи не било покането и Косово!

Претставниците на Македонија и Албанија одлучиле да не учествуваат на конференцијата на минитрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Баљалука, бидејќи на тоа случување не е покането и Косово, пренесува „Коха“

Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати го информирал својот колега од БиХ Игор Црднак деканма да присуствува на настанот, бидејќи организаторите „не го почитуваат форматот на вклучување на сите шест западнобалкански земји“, пренесе Унмик во својот прес-клипинг.

Бушати смета деа никаков разговор не може да биде завршен без учество на сите во тој настан.

И вицепремиерот за европски прашања на Македонија Бујар Османи исто така го откажа учеството на конференцијата од истата причина како и албанскиот министер.