дома Политика МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАВА ВО ЧАЈЏИЛНИЦА: Заев на панаѓур низ албанските села –...

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАВА ВО ЧАЈЏИЛНИЦА: Заев на панаѓур низ албанските села – продава федерализација, купува гласови

Државата создавана со векови СДСМ ја продава на панаѓур, во чајџилници, на сокаци, во штабови. Висока е цената, но на личните интереси за кои раководството на најголемата опозициска партија и на неколку часа пред официјалниот почеток на предизборната кампања широкоградо им ветува на Албанците брда и долини, двојазичност и федерализација на Македонија

Со денови теренските посети на СДСМ се одвиваат во албанските села: се отвораат штабови, се веат албански знамиња, се разговара со граѓаните. Шеќеринска, која е носителка на листа во ИЕ 5, е неуморна во Кичевско, Петре Шилегов, кој е носител на листа во ИЕ 6, активен е низ Гостиварско и Тетовско, Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, членови на ИО и ЦО на СДСМ, Стево Пендаровски, кој е носител на листа во ИЕ 1, и секако лично Зоран Заев, иако е носител на листа во ИЕ 4.

Вечерва Заев присустуваше на отворање на штаб на СДСМ во Кондово, а заедно со Адеми и Пендаровски ја посети и општина Сарај.

Она што го зборуваше Заев за двонационален идентитет уште во првото (и последно) интервју дадено за „Република“ непосредно по стапувањето на функцијата претседател на СДСМ, иако сопартијците се обидоа да го прикажат како „грешка“ поради струмичкиот дијалект на својот лидер, сега е кристално јасно дека изјавата за „двонационален идентитет“ воопшто не била надвор од неговата агенда.

СДСМ веќе на крие дека Заев им дал „беса“ на албанските партии, на албанската дијаспора, но и на Албанците во Република Македонија и дека враќање нема – нивната агенда за реализирање на големоалбанскиот сон е и негова агенда, СДСМ на овие избори се бори да ја уништи Македонија.

Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, чиешто име дополнително ќе се одредува, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.