дома Социјални Мрежи МАКЕДОНСКИТЕ БОНИ И КЛАЈД: Ги ограбија македонските граѓани од нивното име, јазик...

МАКЕДОНСКИТЕ БОНИ И КЛАЈД: Ги ограбија македонските граѓани од нивното име, јазик и идентитет, а сега со профитот се чаламат на социјалните мрежи

Не знаеме точно кој е Бони, а кој е Клајд, но знаеме дека успеаа да го направат најголемиот грабеж во светската историја во кој од македонскиот народ успеа во рок од година дена да го украдат она што на нашите соседи и душмани не им успеало со векови.

Македонските Бони и Клајд од цела една нација успеаа да го украдат македонското име, јазик и идентитет. Тие сега на социјалните мрежи ликуваат со профитот кој го направија од распродажбата на македонските национални интереси, но тоа не ги спречува итрите Македонци да се потсмеваат со нив.