дома Македонија МАКЕДОНСКИ ИРЕДЕНТИЗАМ НЕ МОЖЕ ДА ИМА: Не постои иредентизам кон родниот крај,...

МАКЕДОНСКИ ИРЕДЕНТИЗАМ НЕ МОЖЕ ДА ИМА: Не постои иредентизам кон родниот крај, постои грчка окупација на Егејска Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, на вториот состанок на Високиот совет за соработка меѓу Бугарија, Грција, Романија и Србија во Белград, за взаемно прифатливо име со соседите, како гаранција за развојот и безбедноста на Македонија ја смета за грубо мешање во внатрешните работи и флагрантно кршење на меѓународното право!

СМК го отфрла грчкото обвинување за македонски иредентизам кон окупираните македонски територии под Грција од Балканските војни 1912-1913 година!

Имотните, наследните и граѓанските права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Првата Балканска војна (1912), Втората Балканска војна (1913), Првата Светска Војна (1914-1918), Втората Светска Војна (1939-1945) и Граѓанската Војна во Грција (1946-1949) не претставуваат иредентизам!

Грција должи извинување и репарации за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

СМК, и покрај се’ и после се’, предлага македонско-грчко помирување и договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година!

Се разбира, Македонците, макар и еднострано, сметаат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.