дома Занимливости Македонците за елка плаќаат колку Австријците

Македонците за елка плаќаат колку Австријците

Регионално истражување на бугарска фабрика за елки дојде до заклучок дека во Македонија, Австрија, Србија, Бугарија и Романија во просек се плаќа по 50 евра за купување на нова новогодишна елка, Унгарците и Хрватите издвојувале по 65 евра, а убедливо најмногу од свој џеб давале Словенците – 100 евра.

Забележливо било дека во последните години се плаќа повеќе и дека цените се поскапи. Во Хрватска, Унгарија, Австрија и Словенија се купува и се украсува уште во средината на ноември и се чува до 20 јануари, додека во Бугарија, Романија, Србија и Македонија се кити во текот на декември и се изложуваат до 6-15 јануари.

Зелената боја е доминантна, но во Македонија и Хрватска во последно време популарни биле црвените елки, додека во Австрија се купуваат сини, розеви и портокалови.