Со денешното доставување на решенија за распределување на 594 полицајци приправници на работни места „полицаец“, како и со врачувањето и потпишувањето на договори за вработување како „полицаец-приправник“ на 565 кандидати за полициски службеници што успешно го минаа конкурсот и обуката за полициски службеник по огласот од март 2017 година, Министерството за внатрешни работи го заврши процесот на регулирање на статусот на овие две категории на полициски службеници.
– Практично, со ова се остварија најавите и заложбите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и актуелното раководство на МВР за решавање на статусот на овие две категории, но и за натамошно доекипирање на организациските единици при МВР со нови луѓе, се вели во соопштението од МВР