дома Хроника МВР СО ДЕТАЛИ ЗА CИНОЌЕШНАТА СООБРАЌАЈHА НЕСPЕЌА

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА CИНОЌЕШНАТА СООБРАЌАЈHА НЕСPЕЌА

Пет лица се здобија со повреди во сообраќајна несpеќа која се случила вчера на влезот од Скопје, информира МВР.

Имено, во 23:50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна не3года помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.М.Д. од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.А. од Скопје.


Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“, 20-годишната К.Л. од Скопје.

Повpедените од возилото „Опел Вектра“ со возила на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Додека, повpедените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.