дома Македонија МВР СО СООПШТЕНИЕ ПО НАПАДОТ НА СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ: Министерството работи на...

МВР СО СООПШТЕНИЕ ПО НАПАДОТ НА СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ: Министерството работи на расчистување на случајот!

Министерството за внатрешни работи преку соопштение потврди дека синоќа е пријавено дека врз седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е фрлена боја и оти се работи на расчистување на случајот.

– На 23 јуни 2018 година во 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски  пријавило дека на објектот во сопственост на партијата лоциран на плоштад „ВМРО“, од страна на непознати лица била фрлена боја врз објектот и околу него. На лице место излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во соопштението од МВР.